Македонската туристичка агенција го информирала Министерството за здравство дека 20 туристи од Сингапур и Јапонија преку граничниот премин Деве Баир со Бугарија ќе дојдат во земјава. Сите ќе бидат тестирани за коронавирус.
Со оглед на тоа дека тие доаѓаат од Романија, каде има регистриран случај, известен е локалниот центар за јавно здравје и тие ќе бидат детално прегледани, изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој доставил предлог до Владата за препораката за откажување на јавни собири и спортските натпревари да се играат без публика, да се продолжи до 13 март. Одлуката ќе се соопшти по денешната владина седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.