За Нова година тригодишниот Ајан имаше само една желба – да си оди дома! Завчера, откако го победи канцерот, тој свечено и силно заѕвони на ѕвончето за оздравување, или ѕвончето за чао, како што го викаат децата на клиниката, додека персоналот го поздравуваше со аплауз.
Овој свет постои оти низ него трчаат и растат децата. Конечно и Ајан истрча, со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи и дека сега ништо нема да го сопре. Тој за Нова година на министерот Венко Филипче му шепна дека има само една желба – да си оди дома – oбјавија од Клиника за детски болести на „Фејсбук“.
Браво Ајан, да бидеш здрав и среќен!
Posted by Detska Klinika on Saturday, 1 August 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.