Дванаесегодишната охриѓанка Ева боледува од тумор на мозокот, Pilocytic Astrocytoma. За да ја победи лошата болест неопходно е во феруари да се оди на радиотерапија во Турција, каде девојчето е оперирано пред крајот на 2019 година.

Вклучувајќи ги и приемните прегледи, целиот третман во Турција чини 18 500 €, средства кои родителите на Ева не се моќни самостојно да ги обезбедат.

Да бидеме хумани, да покажеме како и многу пати досега дека сме луѓе кои секогаш организирано и сложно излегуваат во пресрет на оној кому најмногу му е потрбна нашата помош. Да помогнеме малата Ева да ја победи болеста, и да му се радува на животот! Нашето малку, за некого значи живот!

Жиро сметка за донации од Македонија: 240127104572478 – Зоран Колоски

За хуманите луѓе надвор од Македонија: IBAN: MK07240127104572478



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.