Министерството за здравство ги повикува граѓаните да се вклучат во меѓународно истражување поврзано со ковид-19 и менталното здравје.
Грижата за нашето психичко здравство е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје. Клиниката за психијатрија е активно вклучена во справувањето во борбата со коронавирусот. Отворени се повеќе телефонски линии за психолошка поддршка, а во наредниот период ќе се организираат и повеќе активности и превенција за менталното здравје, велат од МЗ.
Од установата информираат дека тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“ (веб psichiatriasociale.org), а истражувањето се спроведува во повеќе европски земји. Координатор за Македонија е токму Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје.
Оваа студија се спроведува со цел проценка на влијанието на пандемијата COVID-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции.
Учеството во истражувањето е доброволно и анонимно, со пополнување на онлајн-анкета, а линкот до неа е ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.