На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 754.271 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.959 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.737 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.358.067 дози вакцини, а ревакцинирани се 603.795 граѓани.
Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.