Македонија ги следи препораките од Светската здравствена организација во врска со состојбата со новиот корона вирус што се појави во кинескиот град Вухан. Преземени се приоритетни чекори и претставници на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство од минатата недела континуирано информираат за состојбата со коронарниот вирус, информираат од Министерството за здравство.
Според нив, состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за корона вирус во нашата држава.
Ја информираме јавноста дека системот за контрола е воспоставен и целосно во функција. Направен е распоред на епидемиолози од Центарот за јавно здравје, и се присутни за време на скенирањето. Авионите од Истанбул и Дубаи секогаш се насочени на еден или два излези, кои се многу блиску, од практичен аспект камерата е поставена на едно место, доколку треба да се користи собата за изолација.
ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиката на пласирање на неточни информации и потребата од создавање на паника кај граѓаните се со цел собирање на политички поени. Затоа што во времето на претходната влада се спроведоа најкатастрофалните здравствени политики што резултираа по здравјето на граѓаните.
За потсетување, во 2019 година се прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на територија на целата држава токму поради погрешната политика со имунизацијата на претходната влада. Доколку лицата до 14 годишна возраст навреме се вакцинираа со вакцината МРП, минатата година немаше да имаме 1900 случаи со мали сипаници.
За 10 месеци ја стопиравме епидемијата, опфатот со вакцинација го зголемивме за 44 илјади лица и ја постигнавме препораката на Светската здравствена организација (СЗО). Оние кои не ги спроведуваа насоките од епидемиолозите и СЗО се ВМРО-ДПМНЕ. Министерството за здравство е максимално подготвено и ги има сите капацитети за да одговори правилно и во оваа ситуација.
ВМРО-ДПМНЕ наместо да создава паника кај граѓаните, прво треба да научи кои се вистинските здравствени политики за граѓаните, а потоа како се постапува во вакви ситуации, се вели во соопштението на МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.