Министерството за здравство најостро ги демантира дезинформациите изнесени на прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со наводно прикривање на 20-тина случаи на заболени од ковид-19 од страна на министерот за здравство Венко Филипче, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, на ден 02.06.2020 година е регистриран 1 позитивен случај на коронавирус во градот Штип. Од Министерството приложија линк, за како што велат, точно информирање на јавноста од дневната статистика за 02.06.2020 година што ја води Институтот за јавно здравје: https://www.iph.mk/sostojba-so-covid19-za-162020/.

Не е точна ни информацијата дека директорот на Клиничката болница во Штип, д-р Ален Ѓеорѓиев изјавил дека се регистирирани 14 нови случаи. Бројката на хоспитализирани пациенти во болницата на 02.06 е 14, а тоа е точно наведено во дневното соопштение на Министерството за здравство испратено до медиумите и објавено на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/deneska-se-potvrdeni-76-novi-sluchai-na-kovid-19-vkupnata-brojka-na-dijagnosticirani-2391-ozdraveni-se-26-pacienti-pochina-1-lice-2/

Министерот Филипче, од првиот дијагностициран случај на ковид-19 во земјава известува точно, навремено и транспарентно. Поради тоа, не се точни обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на статистиката со новозаразени – велат од Министерството.

Од таму додават дека на 02.06.2020 година, Филипче на прес-конференција потенцираше дека се до почеток на прес-конференцијата се уште не се стигнати бројките од една приватна лабораторија.

Во однос на дневната статистика, се до почеток на прес-конференцијата сѐ уште не беа стигнати бројките од една приватна лабораторија. Во однос на тоа, дозволете да кажам дека би било добро сите да ги чекаме официјалните бројки и да нема шпекулации – потенцираат од МЗ.

По добивањето на бројките од приватната лабораторија, Министерството за здравство во 18.41 часот преку соопштение информираше за деталната анализа која ја најави и министерот Филипче на прес-конференцијата.

Во врска со Велес, вчера, Министерството за здравство во соопштението за дневна статистика испратено до медиумите информираше дека по завршување на епидемиолошките анкети 2 лица од претходниот ден регистрирани во Скопје се од Велес.

http://zdravstvo.gov.mk/deneska-se-potvrdeni-120-novi-sluchai-na-kovid-19-vkupnata-brojka-na-dijagnosticirani-2611-ozdraveni-se-16-pacienti-pochinati-se-2-lica/

Потенцираме дека во ниту еден случај министерот Филипче и Министерството за здравство не се обиделе да прикријат податоци и уште еднаш потсетуваме дека од првиот регистриран случај па досега, министерот Филипче и Министерството за здравство ја информираат точно и навремено јавноста до секој детал – велат од МЗ.

Министерството за здравство апелира да престанат да се изнесуваат неточни информации во време на вонредна состојба со коронавирус за собирање на дневно политички поени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.