Во врска со текстот објавен на порталот irl.mk под наслов „Маски со лажни сертификати за заштита од корона завршиле низ болниците во Македонија, ОЛАФ води меѓународна истрага“, Министерството за здравство информира дека не располага со информации поинакви од она што е објавено во текстот, а е цитирано од МАЛМЕД. На барање на Министерство за здравство, МАЛМЕД достави сосема идентични одговори.
Во однос на информациите наведени во гореспоменатиот текст за набавки на маски со фалсификувани сертификати, Министерството за здравство информира дека нема надлежност да постапува и да врши истраги, ниту пак да утврдува веродостојност на дадените документи.
Министерството за здравство бара итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции за да се утврди точната состојба. Министерството целосно стои на располагање во рамки на своите надлежности за соработка со сите надлежни институции за да се утврдат евентуални неправилности во посочените продукти и соодветно да се реагира за да се заштити јавното здравје и медицинските работници, се вели во соопштението на МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.