Од сите органи, мозокот најлесно може да се оштети од нездрава исхрана, смета Лиза Москони, доцент по неврологија и радиологија на американскиот Универзитет Корнел во Њујорк.
Храната богата со заситени животински масти го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочни проблеми… Кога јадеме масна или слатка храна, се случуваат симптоми на летаргија, поспаност и губење на помнењето, рече таа на неодамна одржаниот Медицински форум.
Според неа, таквата храна може да доведе до губење на функционалните и структурните елементи во мозокот и да го направи поранлив на стареење и деменција.
За да го спречите несаканото влијание, д-р Москони препорачува да се јаде храна богата со антиоксиданси, како што се витамините Ц и Е, бета-каротен, омега-3 масни киселини и антиинфламаторни Б-витамини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.