Многу работи околу коронавирусот изненадуваат од ден во ден, а посебно се шокантни сознанијата дека едно лице може два или повеќе пати да се зарази, но и дека пациент може да има коронавирус, а на сите тестови неговите резултати да се нагативни.
Тестовите имаат свои ограничувања. Ако зборуваме за ПЦР тест, тој е многу веродостоен тест кој открива дали е присутен вирусот. Кај некој може да се случи вирусот да биде во белите дробови и да предизвика тешки тегоби, да има потреба за респиратор, но да има негативни резултати на коронавирус. Суштината е, ако е клиничката слика јасна тогаш тестот се повторува – објаснил српскиот доктор Јанковиќ.
Додал дека лажно негативен тест може да се случи и при крај на инфекцијата.
Се случува да дојде до ново избувнување на вирусот кој повторно ќе се намножи. Има случаи некој да прележал коронавирус на пролет, па повторно да заболел. Не знаеме дали е нова инфекција, но можно е, важно е со колкава зачестеност се случува тоа, повеќето развиваат имунитет – рекол докторот.
Кога станува збор за тестовите на антитела, Јанковиќ објаснил дека ако тестот ИГГ е позитивен, значи дека лицето претходно било позитивно на коронавирус и дека го прележало.
Ако тестот ИГГ е позитивен тоа значи дека станува збор за активна инфекција, напоменува Јанковиќ и додал дека е многу важно луѓето на време да се јават на лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.