Се уште нема официјална информација како се случи да почине најмладата пациентка која во земјава ја изгуби битката со коронавирусот.Од Државниот пазарен инспекторат за Канал 5 телевизија изјавиле дека се уште не е завршен целиот тек на истрагата.
„Вонредниот инспекциски надзор кај матичниот доктор и во болницата во Тетово, каде била хоспитализирана 24 годишната пациентка, е завршен. Но, се уште трае надзорот во Инфективната клиника во Скопје. Откако ќе се утврдат фактите, а постапката ќе биде целосно завршена, ќе биде познато како постапувале лекарите низ целата патека на келување на оваа пациентка“, изјавила директорката Иринка Сотирова Бухова.
Инаку, за Канал 5 телевизија, дел од медицинските лица кои биле вклучени во лекување на оваа девојка, тврделе дека жената најверојатно имала и друго заболување, но поради истрагата засега не сакале јавно да зборуваат. Глвниот сомнеж е дека имала лупус, автоимуна болест, односно нарушување на одбранбениот систем, па имунолошките клетки ги напаѓаат здравите клетки во телото. А едно од прашањата што ќе треба да се одговори е зошто ако имала и друго заболување, зошто за тоа не знаеле лекарите што ја лекувале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.