Најмалку 15 лица во градот Мбеја во Танзанија починале од непозната болест која предизвикува мачнина и повраќање крв, пренесува британскиот „The Sun“.

Мачнина, повраќање крв и необјаснива слабост се симтомите кои ги пројавиле 15-на пациенти хоспитализирани на југот на земјата.

Фелиста Кисанда, главниот лекар во округот Чуни во Мбеја, рекол дека тим експерти работи на терен за да ја процени состојбата на пациентите и се обидува да го открие причинителот за појавувањето.

Примивме неколку пациенти со слични симптоми. Причинителот за болеста не е идентификуван, па Министерството за здравје прогласи епидемија, рекол Кисанда.

Увид во клиничките слики на неколку анализирани пациенти потврдил дека сите претходно страдале од чир на желудникот и заболување на црниот дроб. Исто така, примероците од крв дополнително се анализираат и испитуваат поради сомневање дека локалните води се заразени со жива и дека тоа предизвикало ширење на болеста.

Исто така е потврдено дека болеста воглавно ги напаѓа мажите, а повеќето заболени починале брзо откако им била утврдена оваа болест.

После изјавата на д-р Кисанда во саботата, министерката за здравје на Танзанија, Дороти Гвајика, рекла дека непотребно се шири паника помеѓу граѓаните.

За да не создадам непотребна паника меѓу жителите, бев принудена да го суспендирам докторот Кисанда и неговиот тим, рекла министерката за здравје.

Официјални лица потврдиле дека слична болест се појавила во 2018-та година, кога пациентите страдале од висока температура, мачнина и повраќање крв, пренесува „The Sun“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.