Министерството за здравство пред две години набавило вакцини за деца од редовниот календар за имунизација кои имале рок на траење за една година пократок од тој што бил наведен во фактурите од страна на добавувачот, се вели во најновиот Извештај на Државниот завод за ревизија, кој се однесува на 2017 година.
Иако ова е влезено во записникот за прием на МЗ и Агенцијата за лекови, Внатрешната контрола на Министерството за здравство не ја забележала утврдената состојба и не биле преземни мерки за да се спречи дистрибуцијата на овие вакцини.
Набавката на вакцините во вредност од 15.280 000 денари одела преку Министерството за здравство и Агенцијата за лекови при што во записникот за прием е наведен рок на траење кој е за една година пократок во однос на наведениот рок на траење на вакцините наведен во фактурата од добавувачот, но никој во Министерството за здравство не реагирал на тоа.
Утврдената состојба не е забележана од страна на внатрешната контрола на Министерството за здравство и во услови кога довербата во сигурноста на вакцините кои ги набавува МЗ во јавноста е намалена, ваквите состојби придонесуваат за негативни реакции во јавноста и дополнително намалување на нискиот процент на имунизација кај населението, стои во Извештајот на ДЗР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.