Министерството за здравство соопшти дека го  истражува лекувањето на пациентката која починала на КАРИЛ откако била оперирана од пукнат израсток на дебело црево на Клиниката за абдомен.

По завчерашната објава на порталот „Скопјеинфо“ дека на Клинички починала 50 годишна жена од слепо црево, бидејќи немало слободен болнички кревет, Министерството ги контактираше сите клиники во Клиничкиот центар, по што утврдивме дека таков случај опишан во порталот немало регистрирано на ниту една клиника.

Министерството за здравство денеска беше информирано за случај на шеесет и едногодишна пациентка, која починала на КАРИЛ, откако била оперирана од пукнат израсток на дебело црево на Клиниката за абдомен.

Согласно добиените информации, Државниот санитарен инспекторат направи вонреден инспекциски надзор и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, се вели во соопштението на Министерството.

Државниот санитарен инспекторат го истражува патот на лекување на пациентката, почнувајќи од матичен лекар, па се до КАРИЛ, каде што починала.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.