По објавување на препораки од епидемиолозите дека се создадени услови за олабавување на рестриктивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот од Министерството за здравство велат дека поради природата на ковид-19, тешко е да се разбере влијанието на какво било олеснување на ограничувањата сè додека не поминат 10-14 дена.

Олеснувањето на ограничувањата ќе биде постепено и како резултат на ковид-19, многумина ќе се вратат со нова нормална хигиена на рацете, хигиена за кашлање и воспсотавено дистанцирање – велат од МЗ.

Оттаму додаваат дека критериуми да се започне со олеснување на мерките за физичко дистанцирање се дадени во упатството на СЗО кое вклучува 6 критериуми за преминување кон олеснување на ограничувањата на забраните.

Земјите мора да обезбедат:

– докази дека е контролирана трансмисијата на ковид-19;
– воспоставени се капацитети на јавното здравство и здравствениот систем за да се идентификуваат, изолираат, тестираат, да се следат контакти и обезбеден карантин;
– дека ризиците од појава на болест се минимизираат во поставките за голема ранливост, особено во домовите за стари лица, установи за ментално здравје и преполни места на живеење;
– утврдени превентивни мерки на работното место, вклучително физичко растојание, одржување на зачестена лична хигиена за миење раце и респираторна хигиена;
– дека при внес на ризици истите можат да се управуваат контролираат ;
– дека сите фактори во заедницата се свесни, ангажирани и учествуваат во транзицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.