Следната 2019 година ја почнуваме со зголемување на платите за сите здравствени работници во јавното здравство. Оваа година, ја завршуваме со успешни преговори и разговори со Гранковиот синдикат за здравство и Синдикатот на Клинички центар, се вели во соопштението на Министеството за здравство.

Министерството за здравство е во постојана комуникација со синдикатите, а идната година продолжуваме со интензивна соработка. Задоволен здравствен работник значи успешно здравство. Правиме сѐ што е во интерес на граѓаните и пациентите, се додава во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.