Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, соопшти предмалку министерот за здравство Венко Филипче, објавувајќи фотографија од делот од тимот кој ќе учествува во повеќечасовната операција.

Несвојствено за лекар, министер, а и политичар, Филипче првпат се појавува во повеќе од лежерна облека. На фотографијата што ја објави тој е облечен во маичка на кратки ракави и скинати фармерки и со рацете в џеб.

Првата трансплантација беше извршена во мај минатата година, а четвртата доаѓа само 11 дена по третата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.