Министерката за култура Ирена Стефоска во стасут на Фејсбук ја информира јавноста дека оди во самоизолација, откако член од нејзиниот Кабинет имал потитивен тест на Ковид- 19.

Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на КОВИД тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме заштитните мерки. Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места, напиша таа на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.