Службите и екипите на Министерството за здравство уште од моментот кога се случи вчерашната страшна сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во близина на село Ласкарци и во која починаа 15 лица, се на терен, максинално ангажирани и ажурни во целта да се направи сè за да се спасат животите на тешко повредените, пишува во соопштението на Министерството за здравство.
Од здравство информираат дека биле мобилизирани специјалисти од земјава и искористени се ресурси од сите клиники, екипите од болницата „8-ми Септември“, Ургентниот Центар, Клиничката болница во Тетово и возилата за итна медицинска помош од Здравствениот дом во Скопје и од приватните болници „Систина“ и „Неуромедика“. Целокупниот здравствен систем е активиран веднаш и постојано се прават натчовечки напори за да им се помогне на пациентите.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, од рано утрово ги посети сите повредени, а исто така, до доцна во ноќта заедно со служби од Министерството за здравство направи увид на здравствената состојба на пациентите и го чекаше исходот од вкупниот број на жртви во ходниците на болниците, заедно со семејствата на учесниците во трагичниот настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.