Околу 228 милиони луѓе ширум светот, претежно деца, се изложени на ризик од заразување со други болести бидејќи програмите за вакцинација се стопирани поради пандемијата со ковид-19.

Педесет земји низ светот, на пример, не вакцинираат против сипаници, детска парализа или жолта треска, соопштија СЗО и УНИЦЕФ.

Сипаниците беа закана дури и пред пандемијата предизвикана од ковид-19, но сега милиони деца не биле вакцинирани против оваа многу заразна болест.

Пандемијата ја влоши претходно лошата состојба, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Анриета Форе.

Еден од проблемите е прекинот во синџирот на снабдување. УНИЦЕФ минатата година можеше да дистрибуира само 2,01 милијарди вакцини, наспроти 2,29 милијарди во 2019 година.

Двете агенции на ООН ги повикуваат побогатите земји и фармацевтските компании да инвестираат повеќе во истражување на вакцините и да ги финансираат кампањите за вакцинација на жителите до кои е тешко да се стигне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.