Eпидемиологот од Институтот за јавно здравје, Владимир Микиќ, во вечерашното гостување на ТВ 24 најави дека во мај ќе се прави серолошка студија односно тестирање на населението за да се види колку луѓе биле изложени на ковид-19 и развиле антитела.
Веќе пред јуни ќе ги имаме резултатите колку од луѓето го прележале вирусот. Серолошката студија ќе ни укаже колкав е имунитетот и според тоа ќе утврдиме кои старосни групи се поризични и ќе се направат постапки како да се нормализира животот, рече Микиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.