На Христијан Мицкоски и на Зоран Заев денеска им е наложена самоизолација од една недела, затоа што нивниот контакт во студиото на ТВ Канал 5 со заразениот новинар бил пред една недела, а нивните тестови се негативни. Изведените тестови за Мицкоски и Заев биле брзо спроведени пред сѐ заради нивните бројни комуникации и пред сѐ заради заштита на граѓаните и на можното ширење на заразите, изјави денеска Венко Филипче, министерот за здравство.

Пред нас е првиот викенд во кој ќе важи целосна забрана на територијата на целата земја. Верувам дека граѓаните ја разбираат оваа мерка и треба да се покаже максимална одговорност. Оваа сосотојба нема да трае долго, ако се придржуваме до овие мерки. Битно е тоа дека и натаму имаме линераен пораст на бројот на пациентите. Ние постојано ја следиме состојбата, а крајната цел е да го намалиме ризикот. Од наредната недела ќе поченеме да се подготвуваме како животот нормално ќе продолжи за што веќе почнавме и разговори со претставници на стопанските комори“, рече Филипче.

Министерот информираше дека заразеното бебе на коронавирусот кое е на Инфективната клиника во Скопје е во добра и стабилна состојба.

За состојбата во Истражниот затвор во Шутка Филипче рече дека интензивно се работи на дезинфекција на објектот и на проверка на сите притвореници и на сите вработени во затворот. Прегледите и тестирањата ќе продолжат и утре.

Вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство е заразена од коронавирусот, па и таму се изврши темелна дезинфекција на објектот, а и седумина колеги кои биле во контакт со неа се во изолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.