Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека разговарал со претставници на верските заедници и упатил апел и во верските објекти да се почитуваат мерките на Владата.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) преку соопштение упати апел до верниот народ да ги почитува мерките пропишани од Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација и апелира во парохиските храмови и во манастирите на МПЦ-ОА во кои има редовни посети и континуиран богослужбен живот, да се зголеми досегашното редовно одржување на хигиената.

Од САС на МПЦ-ОА повикуваат на сострадална љубов и изразување добродетелност на сите оние кои ќе се најдат во борба со оваа болест, најпрво молитвено застапувајќи се пред Бога за нивното здравје и покажувајќи секаква друга можна грижа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.