Германија може да избегне нова национална блокада ако нејзините граѓани се држат до ограничувањата што ги воведе владата за да спречи нов пораст на случаите со коронавирус, изјави канцеларката, Ангела Меркел, во средата за Бундестагот.

Таа, сепак, предупреди на „тешката фаза пред нас, сега, кога доаѓа есента“, потврдувајќи го нејзиното тврдење дека пандемијата може да се влоши во наредните месеци, а Германија веројатно ќе се соочува со скоро 20.000 нови инфекции дневно.

Меркел претходно рече дека владата најверојатно нема да наметне повторно запирање на економијата, но сепак истакна дека животот нема да се врати во нормала се додека „немаме вакцина или третман за коронавирус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.