Цели 90 отсто од ученичките во селата во Македонија отсуствуваат од училиште четири до пет дена во текот на месецот кога имаат месечен циклус, а 75 отсто од ученичките во урбаните средини изостануваат два до три дена поради истите причини. Ова го покажало истражувањето кое го направиле Институтот за јавно здравје и „Новинари за човекови права“.
Како причини за ова се наведени несоодветните услови за управување со менструалната хигиена на училиште или работно место, како и високата цена на средствата.
Во Македонија во ниту едно училиште нема соодветни производи за менструална хигиена (сапун, тоалетна хартија, вода), а нема ниту соодветни места за остранување на отпадоци.
извор: мета.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.