Злате Мехмедовиќ, лекар во ковид центар во емисијата 24 анализа рече дека јавното здравство е преоптoварено и проблемите се јавуваат кога одредена категорија на граѓани немаат финансии и услугите ги бараат во приватните болници.
„Затоа голем дел од приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните кои немаат доволно пари и заложуваат куќи, станови, за да може да си го платат лекувањето или да добијат кревет“, вели Мехмедовиќ.
Вели дека оваа варијатна на вирусот е изразито агресивна и прави тешки проблеми.
Смета дека за да има резултати, потребно е затворање за период од 5 до 7 недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.