Медицинска сестра вработена во ГОБ „8 септември“ која била заразена со вирусот Ковид-19 го раскажа своето искуство, а министерот за здравство, Венко Филипче го сподели на неговиот Фејсбук профил. Емилија целиот период на боледување се плашела дека вирусот можеби ќе го пренесе на своите најблиски.
Додека траеше моето лекување имав најмногу грижи да не го проширам вирусот на моите најблиски. Како и секој заболен во тие моменти мислев што побрзо да оздравам и да не ми биде полошо. Во првите денови беше потешко, но со терапијата беше подобро, иако психички не беше воопшто лесно. Како здравствен работник, но и како пациент задоволна сум од целиот персонал, особено д-р Ратко Наумоски кој макотрпно се грижи за сите пациенти. Мојата порака како млада девојка, но и како медицинско лице е граѓаните да внимаваат, да водат грижа за своето здравје и да се придржуваат до мерките за заштита. Доколку можам сакам да дарувам конвалесцентна плазма и да помогнам на заболените побрзо да оздрават – вели Емилија Божиновска Јовановска (27) од Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.