Елена Главинческа е медицинска сестра во интерното одделение во општата болница во Струга. Таа десет дена се бори со морбилите, откако се заразила на своето работно место.

Не плашете се, ова сум јас со морбили. И не би требало да пишувам јас постови и да објавувам слики, но морам да им се ,,заблагодарам“ на оние родители кои не ги вакцинираат своите деца, поради што јас на мои 47 години во 21 век добив морбили! Да, јас сум здравствен работник и ги заработив извршувајќи ја мојата работа. ДА, ние треба да сме хумани и за тоа сме платени.

Ама никако да ми помине лутината што во денешно време сум болна од болест за која учевме дека опстојува во средини со низок социјален развој, благодарение на квази интелектуалци кои по неколку статии прочитани на интернет, се супер стручњаци за вакцините и за области од медицината за кои некои луѓе цел живот го посветиле на учење.

Освестете се!, порачува Главинческа.

извор: Ако.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.