Го добив. Луѓе немојте да го игнорирате. Јас сум здрав дијабетичар, имам дијабетис тип 1. Моето тело добро се бори, но сеуште ме “растура“. Затоа, немојте да бидете морони. Останете дома – напиша Џастин на Твитер, кој се сликаше со заштитна маска во болница.

Тој на Твитер објасни како се почувствувал кога ги осетил првите симптоми:

На 4 март почна главата да ме боли и лесен бол на белите дробови. Дишењето ми стана се потешко, но мислев дека е поради времето, се цута, мора да е некоја алергија. Минатиот петок отидов во итна, бидејќи белите дробови страшно ме болеа, едвај дишев, мислев дека ќе умрам.

Добив лекови против грип, ме инхалираа и ме пуштија дома, велејќи ми да се вратам ако не ми е добро. И се вратив. Тешко дишев, градите ме болеа. Имав толку силна главоболка што мислам дека мечка би кутнала. Ова не е грип, не е ни срцев удар, оваа болка во белите дробови е многу посилна. На пример, како кога прв пат кога ќе вдишите ладен воздух во загреани бели дробови – објасни Џастин и повтори:

Ова не е грип. Грип е друга работа. Се чувствува многу подруго отколку грип. Ме болат белите дробови и имам главоболка. Останатите имаат други симптоми во зависност калку телото добро се бори, колку си здрав, дали пушиш, колку години имаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.