Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен.

Се очекува во текот на денот раководството да информира во каква состојба биле донесени пациентите и кои компликации од коронавирусот предизвикале смрт кај пациентите на возраст од 35 и 38 години.

Штипскиот Ковид-центар веќе десетина дена континуирано се полни со пациенти од источниот регион.

Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 48 се на кисолородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат девет пациенти. Во штипскиот Ковид центар има шест слободни болнички кревети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.