Здружението на приватни лекари реагира до Фондот за здравствено осигурување поради тоа што матичните доктри кои ги застапува не прифаќаат дополнителни трошоци за електронски и временски печат, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Здружението, д-р Лилија Чолакова Дервишова. Потенцира дека тоа е дополнителен трошок за целокупното примарно здравство.

Тоа значи дека ако докторите кои работат цело време, земат одмор или боледување, ќе немаат учинок, а со тоа ќе земат и помали финансиски средства. Таквиот вид реформи ниту сме ги преговарале, ниту сме ги прифатиле како Здружение на состаноците организирани од Светската здраствена организација, реагира д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека Зружението поднело иницијатива до Уставниот суд да се преиспита уставноста на одредбата, каде ќе има награди само за докторите од јавното здравство, а матичните доктори кои се на првата борбена линија со Ковид-19 да бидат изоставени. Додаде дека награди треба да има подеднакво за сите доктори и од јавното и од примарното здравство во земјава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.