Носењето заштитни маски може да обезбеди подобра заштита од Ковид-19 отколку вакцините, според директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд.

Маските се најмоќното средство за заштита од коронавирусот и можат да обезбедат уште подобра заштита од вакцините- рече Редфилд.

Директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд

Тој посочи дека постојат научни докази дека маските делуваат и дека тие се најдобра заштита од вирусот ковид-19.

Редфилд исто така истакна дека Американците сè уште не носат маски до таа мера која би била доволно за да се одржи под контрола бројот на заразени.

Тој апелираше до американските граѓани да преземат одговорност и да носат маски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.