Инфектологот Вело Марковски смета оти одлично поминуваме со корона вирусот, но доколку се очекува втор пик, тогаш мерките се бесмислени.

Мислам дека очекувано пикот, пикот што го планираа, уште не е достигнат. Иако првично се одеше со ниски параметри, околу 2.000. Во моментов е одлично и супер поминуваме, но треба да видиме како ќе излеземе од ова. Концепцијата беше да одиме со построги мерки што беа препорачани од СЗО. Оправдувањето беше за да се растегне кривата за здравствениот систем да може да ги прими сите. Сега може да заклучиме дека премногу стегнавме, зашто здравствените капацитети не ги исполнивме ни до пола. Ако одиме на тоа дека ќе има втор пик, тогаш овие мерки се бесмислени. Сега имаме многу низок колективен имунитет, за ако имаме втор пик, рече Марковски.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.