Марија Брањас, која има 113 години, за која се верува дека е најстарата Шпанка, оздраве од коронавирусот, објавија шпанските власти, пишува Би-би-си.

Таа била дијагностицирана со ковид-19 откако земјата се затвори во изолација во март. Имала умерени симптоми и закрепнала.

Марија е родена во Мексико во 1907 година. За време на Првата светска војна се доселила во Каталонија со нејзиниот татко Шпанец, кој бил новинар. Родила три деца, едно од нив има 86 години, има 11 внуци од кои најстариот има 60 години и 13 правнуци.

Марија живее 20 години во дом за стари лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.