Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од владата да се обезбеди примарна вакцинација за медиумските работници кои секојдневно се максимално изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот паралелно со вакцинацијата на медицинските лица и најзагрозената категорија на стари лица и изменоштени лица.

– Поради карактерот на извршување на работните обврски, новинарите – репортери, снимателите, фоторепортерите се секојдневно изложени на ризикот од зараза со коронавирусот. Затоа е неопходно да се изврши нивна имунизација заедно со примарните групи предвидени за вакцинација – вели МАН.

Македонската асоцијација на новинари МАН е подготвена да излезе во пресрет на владата обезбедувајќи листа на членови (медиумски работници) за кои е потребна итна имунизација.

Истовремено, МАН ги повикува своите членови кои сакаат да се вакцинираат против корона-вирусот да се пријават на официјалната емаил адреса на Македонската асоцијација на новинари (man.makedonija@gmail.com) за полесна организација на самиот процес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.