Македонските граѓани вакцинирани во други држави ќе можат да добијат зелен пасош во земјава. Ова важи и за сите кои се вакцинираа во Србија, но потребно е да ги примат двете дози против Ковид-19, изјави министерот за здравство. Документот за комплетна вакцинација ќе треба да го пратат или достават до матичните лекари.

Сѐ што треба граѓаните да направат е да се скенира кју-ар (QR) кодот од сертификатот на вакцинација кој го добиле од кое било место. Тој кју-ар код ќе биде генериран и ќе биде видлив во апликацијата. Во апликцијата ќе бидата видливи и сите други кју-ар кодови за ПЦР тестирања од следната недела понатаму. За време на викендот и почетокот на следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот ‘Мој термин’ што треба акредитирните лаборатотии да издадат како свој документ, за да на таа апликација може да има код кој ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест кој ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Покрај вакцината и ПЦР тестот во електронскиот така наречен зелен пасош ќе има податоци и за детектирани антитела.

ЕУ се уште ги дефинира правилата за прифаќање на пасошите издадени од трети земји вклучително и Македонија. Конечен став ќе донесат до 1 јули. А кои вакцини ќе бидат признаени најверојатно ќе си одлучува секоја држава посебно.

Македонскиот зелен пасош е усогласен со критериумите на европскиот зелен пасош, односно се води по критериум на Комон пас апликацијата, што е најшироко прифатена и на аеродромите и земјите членки во Европската Унија, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.