Македонските фирми во моменти на епидемија од коронавирус се ангажираа на сопствен трошок да шијат заштитни маски.

Утрово имавме состанок со Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и наидовме на огромна поддршка од негова страна и беа контактирани сите институции.

Уште веднаш се започнува со производство на маските.
На нашата иницијатива се приклучи и компанијата STAN MK и КУЛИ од Прилеп со работна сила.

Сите репроматеријали и трошоци во оваа иницијатива ќе бидат на наш товар.

Со почит,
Тимот на ГИФТИ ТЕКС Прилеп



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.