Македонската државјанка, која со посредство на нашите амбасади во Пекинг и Париз беше евакуирана од кинескиот град Вухан и помина 14 дена во карантин во Франција, се наоѓа во одлична здравствена состојба и поседува соодветна потврда дека не е инфицирана со коронавирусот, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.
Во координација со амбасадите во Париз и Софија, успешно е спроведена постапката за нејзино враќање во земјава.
Македонскиот државјанин, кој има коронавирус и е хоспитализиран во болница во Јапонија, според информациите од МНР, се чувствува добро и е во стабилна здравствена состојба, а Амбасадата во Токио е во постојан контакт со него.
Од МНР истакнуваат дека Амбасадата редовно комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои во моментот се наоѓаат во карантин во крузерот „Дајмонд принцец“ во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и дека досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.