Македонка која живее во Шпанија на фејсбук упати апел:
Останете дома!!!
Веќе 8ми ден сме дома, без да излегуваме. Пред 5 дена забранија секакво движење на улица освен одење по лекови и храна. Јас засега не мислам да излегувам за ништо. Тоа е единствен начин да излезам со чиста совест од ова. Не би можела да живеам со себеси ако заради мојата негрижа се зарази некој кој не ќе може да ја преживее болеста. Не, не сум болна и мислам дека не сум заразена, но припаѓам на една група на луѓе која најмногу придонесе за ширењето на вирусот. Млада сум (релативно) и здрава. Тоа значи дека можам да бидам заразена и да не развијам симптоми, односно да не се разболам. Браво за мене. Но! Можам да ги заразам сите оние кои ќе бидат во контакт со мене без да знам. Затоа морам да останам дома!Само денес загубивме скоро 400 животи во Шпанија. Тоа значи дека на секој час умираа по 15 души. Во Италија, дупло. Ми се крева косата само што помислувам. И се затоа што луѓето не сваќаат дека мора да останат дома! Има повеќе од 25 илјади заразени и околу 2000 се на интензивна нега. Тоа пак, значи дека болниците се скоро колапсирани. Полесните случаи се префрлаат во хотели, се градат привремени болници, волонтерски работат пензионирани доктори а и сите студенти од последна година на медицина. Преморени се. Работат до исцрпување. Огромен дел од нив се во карантин. Немаат доволно материјал да се заштитат. Не достигнуваат. Не е само вирусот. Има и други болести, несреќи, други итни операции… Премолуваат да не излегуваме, да не се шири заразата. За нив морам да останам дома. Оти и да сакаат нема да можат да ги спасат сите.Толку малку се бара од нас: ДА ОСТАНЕМЕ ДОМА!Ако не ви е страв од болеста, нека ве плаши тоа дека можете да убиете некого без да знаете. Останете дома за да ги заштитите оние кои нема да ја преживеат болеста. Вашата баба, комшијата кој се бори со рак, 3 месечниот син на другарка ми кој минатиот месец се избори со пневмонија и чии бели дробови немаат сила за уште една битка. Останете дома, пред и после недоволниот полициски час. Европа потклекна пред болеста заради општествената несoвесност. Заради политичари кои не се осмелуваат да се соочат со реалноста. Бидете луѓе, останете дома за луѓето, без да треба полицијата да ви ја чува вратата. Нема друг начин за да го победиме ова. Ќе преживеете без да се соберите со друштвото. Ќе преживеете 24/7 со децата. Ќе преживеете без чоколадо, без цигари… И без тоалетна хартија ќе преживеете. Само со смртта на душа не се преживува. Да, драматизирам, патетичам, како сакате наречете го, ама седете дома. Умираат луѓе. Тука, околу нас. Многу луѓе. Останете дома. Толку е лесно да спасите живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.