Од земјите во регионот Македонија има најголем број смртни случаи поврзани со Ковид-19 на милион жители. По нашата земја следуваат Словенија и Црна Гора. Во Македонија се регистрирани 937 смртни случаи на милион жители, 863 во Словенија, 862 во Црна Гора, 622 во Косово, 547 во Хрватска, 320 во Албанија и 287 во Србија.
Во регионот, највисока четиринаесетдневна инциденца на новозаразени со корона вирусот на 100 илјади жители е регистрирана во Србија, а по неа следуваат Хрватска и Црна Гора. Македонија е петта во оваа статистика.
Во Србија се регистрирани 1.433 заразени на 100 илјади жители во последните 14 дена, во Хрватска 1.147, во Црна Гора 1.102, во Словенија 979. Во Македонија последните 14 дена биле регистрирани 637 заразени лица на 100 илјади жители, во Косово 452, во Босна и Херцеговина 430, во Албанија 356.
Четиринаесетдневната инциденца претставува број на новозаразени регистрирани во претходните 14 дена на 100 илјади жители.
Овој метод вклучува собирање на новите случаи во изминатите 14 дена и нивно изразување на 100 илјади жители, ја пренесува „Вијести“ црногорската агенција МИНА.
Во регионот вчера беа регистрирани 11.235 нови случаи на корона вирусот.
Најголем број на активно болни од Ковид-19 на 100 илјади жители се регистрирани во Црна Гора, а следуваат Македонија и Словенија. Србија не ги објавува податоците за бројот на активно болни луѓе на 100 илјади жители. Во Црна Гора има 1.646 активни случаи на 100.000 жители, 1.042 во Македонија и 1.021 во Словенија. Во БиХ се регистрирани 924 активни случаи на 100 илјади жители, во Албанија 715, во Косово 692 и во Хрватска 542.
Србија е на првото место во регионот според бројот на хоспитализирани од Kовид-19 на 100 илјади жители, на второто место е Македонија, а на третото Црна Гора. 118 хоспитализирани на 100 илјади жители се регистрирани во Србија, 68 во Македонија, 65 во Црна Гора, 64 во Хрватска и 63 во Словенија.
Во регионот, најголем број заразени на милион жители се регистрирани во Црна Гора, следува Словенија на второ место и на трето Хрватска. 61.210 заразени лица на милион жители се регистрирани во Црна Гора, 41.684 во Словенија и 37.313 во Хрватска. На четвртото место е Македонија со 32.852 заразени на милион жители, следена од Србија со 32.399, БиХ со 27.048, потоа Косово со 24.069 и Албанија со 15.168 заразени на милион жители.
Најмногу тестирани на еден милион жители има во Србија, 274.369, на второ место е Словенија со 268.652, а на трето е Црна Гора со 239.798. На четвртото место е Хрватска со 200.059, Македонија со 168.145, БиХ со 124.418 тестирани на милион жители, следуваат Косово со 81.924 и Албанија со 71.518 тестирани на милион жители.
Агенцијата МИНА ги обработува официјалните податоци на земјите од регионот, кои ги презема од официјалните специјализирани страници покренати од тие земји за време на епидемијата.
Покрај овие извори, податоците се споредуваат со податоците на СЗО, ЕЦДЦ и други релевантни здравствени институции.
Во овие прегледи на состојбата, како и на сервисот Инфографик, агенцијата МИНА објавува исклучиво официјални податоци соопштени од медицинските власти на набљудуваните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.