Македонецот Борко Андреевски кој живее во Англија ќе учествува во тестирањето за вакцината против корона вирусот на Универзитетот Оксфорд.
Андреевски за Телма во разговор преку фејсбук потврди дека доброволно се пријавил за тестирањето со желба да помогне во ситуацијата. Тој исто така објасни дека дел од проектот ќе бидат 500 млади и здрави волонтери.
Прегледите се завршени со цел да се утврди дали одговара на условите за тестирање, кое ќе почне на еден волентер, потоа на група од петмина и на крај ќе бидат тестирани сите 500-тини пријавени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.