Деница Велковска, мајката на 11 годишниот Јане Велковски, кој боледува од мускулна спинална атрофија, се обрати со апел до сите лица, по повод новите случаи на коронавирус во земјава.
Апел до неодговорни лица: како мајка на дете со висок ризик од респираторни болести: СВЕСТЕТЕ СЕ, ЕДУЦИРАЈТЕ СЕ И ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ! За неодговорно шеткање при назначен карантин или враќање од ризично подрачје- барам најголеми казни! Јане спаѓа во групата со висок ризик од Ковид19 како и од грип, откажавме медицински пат за продолжување на имплантите во кичма и ги почитуваме сите превентивни мерки. Доколку наш познат или родител од Д.П.Г.Беровски бил во контакт со посочената Клиника, ве молам да ми се јавите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.