Вида Даневска секој ден со документи во раце и солзи во очите оди од врата на врата во сите домови и институции во Регионот. Очајната мајка бара спас за својата 45-годшина ќерка која веќе еднаипол година се бори со најтешката болест – рак на матката.
Освен неизвесноста од исходот на болеста, на мајката и тежат и финансиските проблеми, зашто тие двете цел живот се сами, а со малкуте пари кои ги имаат тешко се набавува она што за вака тежок пациент треба да се купи:
„Барам помош за мојата ќерка која е болна од рак.Треба да ја носам на хемотерапија и на снимање во Скопје.Немам пари за да и купам лекови.Кој колку може нека ми помогне“,изјави Вида Даневска.
Иако пациенти болни од рак се ослободени од плаќање на терапија, во пракса сепак не е така, па добар дел од лековите Вида ги купува сама:
„Зависи како и препишат лекови од Скопје околу 1000 денари е еден лек кој го плаќам,а исто така потребни се и други основни работи и немам пари за сѐ да и обезбедам,затоа сум приморана да барам помош“,изјави Вида Даневска.
Вида и нејзината, сега тешко болна ќерка Кристина, живеат сами речиси 40 години. Сопругот и татко го загубиле многу млади. Уште од своите 28, односно 5 години, Вида е вдовица, а Кристина сирак.
Оттогаш, тие двете се имале само една со друга, но сега за да опстанат им треба помош од сите.
Сметката за донација за оние кои сакаат да помогнат за лекување на Кристина Даневска е 210-7000006528 – 49 Тутунска банка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.