Вториот Национален форум за здравје, што ќе се одржи на 27 февруари 2020 година е платформа кадешто ќе се разговара за актуелната состојба и иднината на мајчината и перинатална здравствена заштита во Македонија.
Овогодинешниот форум, ќе ги сподели и одбележи постигнувањата од првата година на реализацијата на обновената визија за примарна здравствена заштита (ПЗЗ), усвоена на минатогодишниот, добро посетен прв национален форум за здравје.
Вториот Национален форум за здравје е во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација (СЗО), под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Македонија одговара на предизвиците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.