Лоша исхрана, загадување и други извори на хронични заболувања, што се случуваат веќе 30 години, а дополнително и новиот коронавирус – сето тоа создаде услови погодни за вистинска бура, што доведе до еден милион смртни случаи од ковид-19, се вели во извештајот објавен во научното списание „Лансет“.

Интеракцијата на ковид-19 со 30-годишното глобално зголемување на хроничните заболувања и нивните фактори на ризик, вклучувајќи дебелина, хипергликемија и загадување на воздухот, создаде услови за бура што го „нахрани“ бројот на жртвите од ковид-19 – нагласува престижното британско издание.

Незаразните болести имаа клучна улога во еден милион смртни случаи предизвикани од ковид-19 досега и ќе продолжат да го одредуваат целокупното здравје во секоја земја, дури и кога пандемијата ќе се смири – предупредува главниот уредник на списанието Ричард Хортон.

Според публикацијата, светот се соочува не само со пандемија, туку и со синдемија, односно комбинација од неколку санитарни итни случаи. Синдемии се групи повеќекратни болести кои се влошуваат, а честопати се поттикнати од социоекономски детали, како сиромаштија и здравствени разлики.

Многу од факторите на ризик и незаразните болести проучени во извештајот се поврзани со зголемен ризик од сериозни форми на ковид-19, дури и смрт, наведува „Лансет“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.