Откако медиумите објавија дека денеска има 58 новозаболени, граѓаните повторно стравуваат дека заразата со Ковид-19 воопшто не се смирува, туку напротив се засилува. Дополнително, лекарите се жалат дека новозаразените во последните неколку дена одбиваат да кажат со кого имале контакти.

Епидемиологот, Љуљзиме Бајрами, гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде соопшти дека голем број од заразените стравуваат да откријат каде биле пред да се заразат и со кого оствариле контакт и тоаа уште повеќе го отежнува процесот на спречување на вирусот Ковид-19.

Тие не ни кажуваат кој со кого имал контакт со цел да ги откриеме новите жаришта и да го спречиме ширењето на вирусот. Тие се од Чаир, Бутел, Сингелиќ, рече Бајрами.

Радиологот Едмонд Вејсели, вели дека ако сакаме да го спречиме коронавирусот треба да имаме меѓусебна соработка со лекарите.

Искрено проблем е што пациентите стравуваат да направат контрола кај лекарот, да одат да се пријават и пред сѐ да го зачуваат здравјето на нивните семејства, бидејќи ова е превентивна мерка за ширење на вирусот Ковид-19, вели Едмонд Вејсели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.