Министерството за здравство достави Листа на дијагнози на хронични состојби, добиени во консултација со директорите на Клиниките за ендокринологија, пулмологија, кардиологија и нефрологија, за лицата кои се ослободуваат од работа поради коронавирусот.
Во врска со утврдените категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:
Хронични респираторни заболувања:
ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
Астма – J45
Интестицијална фиброза – Ј84
Тешки кардиоваскуларни заболувања:
Срцева слабост со EF<40 Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија Тешка аортна и митрална стеноза Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци Длабока венска тромбоза до 3 месеци Дијабетес мелитус: Диајабетес тип I Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ Сите малигни заболувања – C00-C97 5. Имунокомпромитирачки состојби: Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0 Хроничен нефротичен синдром – N04.9 Интермитентна хемодијализа – Z99.2 Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00 Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.