Многу добро се знае дека во ковид-центарот во Штипската болница нема кислород. Тоа го знаат штипјани, пациенти кои минале низ голготата, но и семејства кои загубиле близок борејќи се за здив.
Потресната приказна на Михаела не е само лична трагедија, туку трагедија на сите кои имаат потреба од кревет и кислород во овој крај.
За ваквата состојба во Штипската болница предупреди и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од овој крај Иван Јорданов.
Стана секојдневие да има недостаток од кислородни боци во ковид-центарот во Штип. Сведочат за ова пациенти, блиски на пациенти кои веќе се починати, вработени и луѓе кои помагаат во овој ковид центар, ако може воопшто да се нарече така, зашто се работи во импровизирани услови. Го повикувам Обвинителството да истражи што се случува во Штип, повика Јорданов.
Денеска Министерството за здравство информира дека во врска со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор.
Предоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.