Лелеци, крикови, солзи и плач – ваква траорна атмосфера ја прекечала екипата на Телма пред Ковид болницата во „8 Септември“. Нервозни роднини на починати пациенти од ковид 19, со солзи во очите бараат информации од медицинскиот перонал за смртта на најблиските. Напнатост и нервоза лебди во воздухот, но не се ретки и вербални закани кон медицинските лица кои се на раб и на физичка пресметка.
Таму повторно имало инцидент- роднина на пациент нападнал медицинска сестра во лабараторија.
Директорот Кристијан Костов вели – медицинските лица го даваат максимумот, уморни се од пандемијата и макотрпната работа за спас на човечки животи, и ниту едно лице до сега на кое му била потребна помош не останало незгрижено. Ја разбира и нервозата кај пациентите.
По 200-те потешки пациенти дневно прегледуваат докторите во овој Ковид центар. Граѓаните во редици чекаат да стигнат до доктор. Во погледот им искри страв и надеж дека ќе го избегнат најлошото.Тука секојдневно до максимум се исполнети и болничките кревети – капацитетот е 80 легла, а Костов очекува набрзо да стигнат до 100 кревети за најкритичните пациенти. Брзата Помош овде ги носи најтешките случаи од инфективните одделенија од внатрешноста. Пред болницата веќе е поставен мобилен шатор со клупи и греење каде заразените со Ковид 19 вирусот ќе може да чекаат за преглед.
Министерот Филипче пак е дециден дека интерните клиники се подготвени за прием на пациенти, а лекарите се целосно мобилизирани. Одговорно тврди дека во болницата „8 Септември“ се консултираат анестезиолози кога се поставуваат лица на респиратор.
Бројките на Министерството за здравство покажуваат дека вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени пациенти за ковид-19 се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Новиот резервоар пак за течен гас, во 8 септември е наменет да опслужи кислородна поддршка на 200 пацинети. Се очекува напливот од болни и капацитетите за прием да растат- надлежните пак се уверени дека се подготвени и за најлошото.
Извор: Телма
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.