Лекот хидроксихлорокин, во кој дел од светот предводен од американскиот претседател Доналд Трамп, се надеваше дека ќе помогне во лекувањето на коронавирусот, се покажа како потполно неуспешен во неодамнешната студија, пренесува Си-Ен-Ен.

Според студијата објавена на medrxiv.org во вторникот, која не е рецензирана и допрва треба да се најде во медицинските списанија, оние кои го земале овој лек имале повисока стапка на смртност од другите пациенти и нивните шанси да завршат на респиратор не биле намалени. Во студијата учествувале болници и универзитети во Јужна Каролина и Универзитетот во Вирџинија.

Студијата опфатила 368 пациенти, а 97 од оние кои земале хидроксиклорокин имале стапка на смртност од 27,8 проценти. Оние 158 пациенти на кои не им бил даден овој лек, имаат стапка на морталитет од 11,4 отсто.

Затоа, авторите на студиите на американските универзитети предупредуваат: „Поврзаноста со поголемата смртност е забележано само кај пациенти кои примаат хидроксихлорокин. Овие резултати укажуваат на важноста да се чекаат резултати од студијата која се спроведува во контролирани услови пред широката употреба на овие лекови“.

Авторите исто така тврдат дека нивната студија не докажала дека оние кои земаат хидроксихлорокин или хидроксихлороин и азитромицин го намалуваат ризикот пациентот да заврши на респиратор.

Една неодамнешна студија во Франција од 181 пациенти кои развиле КОВИД-19, докажале дека хидроксихлорокин не бил корисен за намалување на стапката на смртност или намалување на ризикот од одење во одделот за интензивна нега. Но, осум пациенти на кои им бил даден хидроксихлорокин развиле проблеми со срцето.

Хидроксихлорокинот се користи со години за лекување на маларија, лупус и ревматоиден артритис. Трамп го претставуваше како пресвртна точка во борбата против коронавирусите. Но, оваа студија, која допрва треба да ја помине контролата на другите научници, покажува дека треба да се претпазливи при употреба на овие лекови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.